„Модерните робови“ кои ги градат стадионите во Катар не можат да се справат со пеколните температури

Фото: Профимедиа/Илустрација

Катар како домаќин организатор на Светското фудбалско првенство во 2022 година доживува градежен бум, но анализата на „Гардијан“ покажува дека работниците работат во потенцијално кобни услови.

Странската работна сила нема речиси никакви права – платите се исплаќаат ретко, сместувањето е катастрофално и неадекватно. Промената на работодавец е забранета без одобрување на истиот, поради што градежните работници во оваа земја се наречени „модерни робови“. Меѓутоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека најголема опасност за илјадници работници се смртоносно високите температури.

Работниците работат на температури кои достигнуваат и до 50 степени Целзиусови, десет часа дневно, а се проценува дека околу стотина од нив умираат од топлотни удари секоја година.

Катарските власти, во состав со останатите заливски земји, соопштија дека ги штитат работниците со закон кој забранува работа во периодот меѓу 11.30 и 15 часот, но анализата на „Гардијан“ покажува дека таа забрана во пракса не се почитува.

Работа на високи температури е големо оптеретување за човечкиот кардиоваскуларен систем и доведува до стрес кој може да резултира со срцеви и топлотни удари со потенцијално фатални исходи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот