Почина Ивица Осим, великанот на југословенскиот фудбал

Ивица Осим како репрезентативец на Југославија беше европски вицешампион во 1968 година/Фото: EPA/YAHYA ARHAB

Нè напушти една од најголемите фудбалски легенди од овие простори. Тажна вест за овој 1 мај – почина легендарниот Ивица Осим.

– Осим почина утринава во 10.00 часот во Грац, каде што живееше последните неколку години, пренесуваат босанските медиуми.

Легендарниот ас беше роден во Сараево во 1941 година, каде што почна да игра фудбал во Железничар. Таму помина дури 11 сезони во кои забележа 250 настапи и постигна 75 голови.

Потоа замина во Франција, каде играше за Стразбур, Седан и Валенсиен. За време на неговата играчка кариера го добил прекарот – Штраус, поради неговата руса коса. Подоцна го добил прекарот – Швабо.

За репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 16 натпревари, а беше најважниот играч за освојување на второто место на Европското првенство во 1968 година.

Во својата богата тренерска кариера, меѓу другото, ја водеше југословенската репрезентација во периодот од 1986 до 1992 година, а од 1991 до 1992 година го водеше и Партизан.

Тој ги одведе „Сините“ на Светското првенство во Италија 1990 година, каде Југославија беше елиминирана во четвртфиналето по пенал од Аргентина предводена од Диего Армандо Марадона.

Беше предводник и на Железничар, Панатинаикос, Штурм Грац, Џеф јунајтед и јапонската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот