Почина девојчето кое беше тешко повредено во масакрот во Белград

Фото: Драган Мујан /Nova.rs

Девојчето кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, почина утрово на Универзитетската детска клиника, соопшти српското Министерството за здравство.

Девојчето беше тешко рането во главата и почина по 12 дена борба за живот, и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување.

Девојчето е десеттата жртва на страотниот училишен масакр во Белград, кој го изврши 13-годишниот Коста Кецмановиќ, ученик во истото училиште. Тој во нападот со оружје што го зел од неговиот татко, уби уште осуммина врсници и соученици, како и школскиот чувар, а рани шестмина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот