Почина актерката Јулијана Стефанова

Фото: Принтсрин-Facebook

На 61-годишна возраст по кратко боледување почина актерката Јулијана Стефанова. Стефанова целиот работен век го помина во Народниот театар – Битола.

Во својата плодна кариера одигра бројни главни и споредни улоги на сцената на Народен Театар – Битола, но јавноста најмногу ќе ја памети по улогите во претставите „Аудиција“, „Аждер“, и „Малограѓанска свадба.

„Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар“, објави Народен театар Битола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот