Победа ќе биде да се заврши сезоната во Серија А

Италијанската Серија А е во паника по позитивниот тест на корона на Кристијано Роналдо, но и поради зголемениот број на заразени играчи откако започна новата сезона.

Ескалацијата на заразените со коронавирус во последните неколку недели не е изненадување. Се што можеме да направиме е да преземеме максимални мерки на заштита, но не смееме да запреме. Првата причина за ова е од економска природа бидејќи фудбалот е важна индустрија. Исто така постојат и социјални потреби. Поради тоа, вистинска победа ќе биде да се заврши сезоната во Серија А – изјави капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини.

Кјелини се огласи веднаш откако се дозна дека неговиот клупски колега, Кристијано Роналдо е позитивен на ковид-19.
Разговарав со него и добро се чувствува. Ќе се врати кога ќе биде подготвен. Ние не сме загрижени, но знаеме дека во следните неколку месеци ќе биде многу тешко за сите – додава Кјелини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот