По загубата на бебето: Криси Тајген и Џон Леџенд станаа родители по третпат

Криси Тајген и Џон Леџенд на црвениот тепих пред доделувањето на наградите Греми / 3 април 2022 / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Славната двојка Џон Леџенд и Криси Тајген го доби нивното трето дете. Имено, манекенката се породила во петокот, а веста ја споделил самиот музичар за време на негов концерт, пренесе „Пејџ сикс“.

„Колку благословен ден! Утрово пристигна малото бебе во нашето семејство“, ѝ споделил Леџенд на публиката.

Исто така, повеќекратниот добитник на Греми додал дека „не се наспал доволно“, но дека се чувствувал „полн со енергија“.

Како потсетување, Тајген и Леџенд ја започнаа љубовната врска во 2006 година, а стапија во брак во 2013 година. Тие веќе се родители на шестгодишната Луна и четиригодишната Мајлс.

Пред две години, Тајген беше бремена по третпат, но тогаш парот сподели дека манекенката доживеала спонтан абортус поради компликации во бременоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Неодамна, таа откри дека не доживеала спонтан абортус, туку дека морала да абортира бидејќи бебето немало шанси да преживее.

„Пред две години, кога бев бремена со Џек, морав да донесам многу тешки и срцепарателни одлуки. Ни стана јасно дека тој нема да преживее и дека без никаква медицинска интервенција, нема да преживеам ни јас. Да ја наречеме процедурата тоа што беше – абортус. Абортус кој ми го спаси животот за бебе кое немаше никакви шанси да преживее.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

„И, да бидам искрена, всушност не го сфатив ова до пред неколку месеци. Му кажав на светот дека имав спонтан абортус, светот се согласи со тоа, сите наслови во медиумите велеа дека е спонтан абортус. И бев многу фрустрирана што уште на почетокот не кажав што е. Се чувствував глупаво што ми требаше повеќе од една година да сфатам дека всушност имав абортус“, објасни 36-годишниот модел на самитот „A Day of Unreasonable Conversation“.

Повеќе на темата:

ФОТО: Криси Тајген со емотивна објава една година откако го загуби синот

По трагедијата што им се случи: Криси Тајген и Џон Леџенд чекаат трето дете

„Моето бебе немаше да преживее“: Криси Тајген сподели дека морала да абортира за да го спаси својот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот