По Вухан, коронавирусот се шири и во кинескиот град Хуанганг

Фото: МИА

Коронавирусот се прошири и во градот Хуангганг, изјави денеска гувернерот на кинеската провинција Хубеи, Ванг Сиодонг, предупредувајќи дека не смее да се дозволи тој град да стане нов Вухан, епицентарот на смртоносниот вирус од кој починаа 132 лица.

Хуанганг, во кој живеат 7,5 милиони луѓе, е еден од десетината градови кои речиси целосно се затворени, во обид на кинеските власти да го спречат ширењето на вирусот.

Овој град до крајот на вчерашниот ден потврди пет смртни случаи и 324 заразени лица, со што е најпогодениот град по Вухан.

Двата града се оддалечени околу 70 километри и се наоѓаат во провинцијата Хубаи, која е во централниот дел на Кина со околу 60 милиони жители и моментно е целосно блокирана. Гувернерот на прес-конференција истакна дека компаниите во провинцијата не смеат да работат до 13 февруари.

Светската здравствена организација денеска порача дека владите треба сами да одлучат дали ќе ги евакуираат своите државјани од кинеската провинција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот