По удар во бандера се преполови Ауди, возачот неповреден (ВИДЕО)

Видеото на кое се гледа како луксузно Ауди Q7 се преполови, го обиколи светот.

Ударот во бандера бил силен а Ауди Q7 , и покрај силната конструкција, буквално се преполови. Но, она што најмногу изненади е што возачот помина без никаква повреда  и пешки си замина од местото на несреќата.

Според познавачите, луксузниот СУВ се преполовил на ваков начин бидејќи станува збор за ,,лепенка”.

Во Русија на илегалниот пазар се продаваат скапи возила кои се сечени на половина, а потоа спојувани за да може да се ,,средат” документите и овие возила се обично плен во западноевропските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот