По претседателката, оставка поднесе и поранешната министерка за правда: „Ја преземам политичката одговорност за одлуката“

Џудит Варга принтскрин фејсбук

По веста дека унгарската претседателка Каталин Новак поднесла оставка, во таа одлука ја поддржа поранешната министерка за правда и пратеник во унгарскиот парламент.

Имено, како што наведе Јудит Варга на својот Фејсбук профил, таа се одлучила на овој чекор бидејќи била на функцијата министер за правда кога Каталин Новак го потпишала решението за помилување на лице осудено за прикривање на кривично дело извршено од сексуален насилник во дом за згрижување на деца без родители.

– Претседателот на Република Унгарија денеска поднесе оставка. Од промената на системот, за правосилноста на поединечната одлука на претседателот за помилување, потребен е ко-потпис на министерот за правда. Ја продолжив повеќе од 25-годишната пракса која министерот за правда ја препознава кога е во прашање одлуката на претседателот за помилување. Ја преземам политичката одговорност за потпишување на одлуката на претседателот – напиша Варга на својот ФБ профил.

Таа додаде дека се повлекува од јавниот живот, се повлекува од пратеничкиот мандат и од водење на листата на ЕП.

Помилуван осуденик за соучесништво во педофилија

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, денеска поднесе оставка, откако помилуваше осуденик за прикривање злосторства извршени од сексуален насилник во дом за деца, пренесува „Ројтерс“.

Повеќе од 1.000 луѓе се собраа денеска во Будимпешта, барајќи оставка од Новак, блиска соработничка на премиерот Виктор Орбан, објави претходно бриселскиот портал „Политико“.

Иако беше добро познато дека Новак помилувала околу 20 лица пред посетата на папата Франциско на Унгарија во април 2023 година, неодамна беше откриено дека еден од луѓето што беа опфатени во оваа мерка и помилуван е заменик-директор на дом за деца осуден за покривање сексуален престапник кој малтретирал деца во таа институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот