По пожарите, поројни дождови во источниот брег на Австралија

Властите сепак, предупредија дека кратките и интензивни грмотевици може да предизвикаат и поплави, но постои и ризик од нови пожари.

Поројни дождови го зафатија источниот брег на Австралија што претставува надеж дека дел од големите пожари што ја зафатија таа држава ќе бидат изгаснати или барем успорени, јавија локалните медиуми.

Властите сепак, предупредија дека кратките и интензивни грмотевици може да предизвикаат и поплави, но постои и ризик од нови пожари.

Метеоролозите најавија нестабилно време во следните четири денови и враќање на топлото време во следните недели.

Дождовите во некои области може бидат поројни, а во други само милиметар или два додека за запирање на пожарите се потребни долготрајни дождови.

Австралија се бори со пожари во кои досега загинаа 29 лица и уништени се повеќе од 2.500 домови. Во сојузната држава Нов Јужен Велс активни се уште 85 пожари од кои 30 се под контрола. Во Викторија активни се 19 пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот