По повеќе од две години конечно е подготвен планот на Трамп за израелско-палестински мировен процес - Слободен печат

По повеќе од две години конечно е подготвен планот на Трамп за израелско-палестински мировен процес

Планот мора да излезе со безбедносни гаранции што ќе ги ублажат стравовите на Израелците од напади од Палестинците и непријателските соседи.

Повеќе од две години по најавувањето, конечно е подготвен за објавување долго-одложуваниот план за израелско-палестинскиот мировен процес на американскиот претседател Доналд Трамп.

Планот мора да ги опфати сложените прашања што ги опфаќаат мировните посредници со генерации, вклучувајќи го и статусот на Ерусалим, град за кој сметаат двете страни за нејзин главен град.

Постои длабока недоверба меѓу Палестинците и Израелците и тие повеќе не се согласуваат ниту дали САД се неутрален посредник. И додека Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се најблиски политички сојузници, односите на САД со Палестинците се на најниско ниво.

Палестинските лидери одбиваат да се сретнат со владини претставници на Трамп.

Освен прашањето за Ерусалим, симболично важен град каде е спорен пристапот до светите места за јудаизмот, исламот и христијанството, двете страни ќе треба да се договорат за границите меѓу двете територии.

Планот мора да излезе со безбедносни гаранции што ќе ги ублажат стравовите на Израелците од напади од Палестинците и непријателските соседи.

Палестинците нема да се согласат на договорот без да го признаат државниот статус на нивната територија на Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим. Исто така, мора да се најде решение за прашањето на милиони палестински бегалци.

Израелците и Палестинците треба да се договорат за поделба на природните ресурси како водата. Палестинците исто така бараат Израел да ги отстрани своите новоизградени населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим. Повеќе од 400.000 Израелци во моментов живеат покрај околу три милиони Палестинци на Западниот Брег, а околу 200.000 во Источен Ерусалим.

Прочитајте и...  Се состана работната група во МВР со цел надминување на состојбата со пасошите, закажана уште една средба

И Трамп и Нетанјаху се справуваат со проблемите во нивните држави. Иако е заштитен со републиканско мнозинство во Сенатот, процес на импичмент се води против Трамп, додека Нетанјаху беше осуден за корупција во ноември. И двајцата негираат вина чекаат избори на кои сакаат да продолжат да ја извршат функцијата – Нетанјаху во март, Трамп во ноември. Израелскиот премиер се обиде двапати минатата година да обезбеди мнозинство во израелскиот Парламент, но не успеа.

Трамп постојано го одложуваше објавувањето на неговиот план, наводно за да не ја загрози кампањата на Нетанјаху затоа што планот вклучува некои отстапки на Израел. Трамп  ќе се сретне со Нетанјаху и неговиот ривал, лидерот на опозицијата, Бени Ганц лидер на центристичката „Сино-бела” партија, со која ќе се бори за освојување на власта на 2 март против Ликуд на Нетнајаху. Двете партии не успеаја да формираат влада по последните избори.

Планот на американскиот претседател е на неколку страници, но не се знае многу за содржината.

Прочитајте и...  Парламентарните избори низ историјата: Бојкоти, нерегуларности, убиства, напади (ИНФОГРАФИК)

Палестински и арапски извори запознаени со нацрт-документот стравуваат дека ќе се обиде да ги поткупи Палестинците со прифаќање на израелската окупација, што може да биде вовед во анексијата на Израел на половина од Западниот Брег, вклучително и стратешки важната и плодна долина на реката Јордан. Палестинците потенцираат дека таа долина, што зафаќа речиси 30 отсто од Западниот Брег, мора да биде клучен дел од нивната идна држава.

Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, главниот автор на планот, ја започна својата прва фаза во јуни во Бахреин. Во тоа време, тој повика на создавање фонд од 50 милијарди американски долари за зајакнување на палестинската и економиите на соседните арапски држави.

Израелците и Палестинците последен пат седеа на преговарачката маса во 2014 година, но неуспешно. Бариери за подобрување на односите се новите израелски населби на окупираната територија и долготрајна недоверба меѓу двете страни.

Во изминатите две децении, зајакна и Хамас, исламистичко движење што ја зазеде власта во Газа. Организацијата официјално се залага за уништување на Израел и исто така се бори против палестинската власт, предводена од Махмуд Абас, кој има поддршка од западните држави.

Решението е со две држави што предвидува создавање независна палестинска држава до  Израел. Поддржано е од ОН повеќето од светот и со децении беше во центарот на секој мировен план.

Прочитајте и...  Репортери без граници со петиција го поддржуваат Асанж

Но, владата на Трамп се воздржува да поддржува такво решение. Во ноември, таа се откажа од повеќедецениската американска политика кога министерот за надворешни работи Мајк Помпео објави дека Вашингтон повеќе не го смета израелското насилство во окупираните територии за кршење на меѓународното право, за разлика од Палестинците и повеќето од меѓународната заедница.

Нетанјаху „со задоволство” ја прифати поканата на Трамп за Вашингтон.

„Мислам дека претседателот сака да му даде на Израел мир и безбедност што ги заслужува”, рече тој.

Од друга страна, палестинскиот премиер Мохамад Штаех тврди дека предлогот на САД е „само план да се докрајчи палестинското прашање”.

„Ние го отфрламе”, рече тој.

Палестинското раководство потенцира дека Вашингтон не е веќе неутрален посредник, по низата решенија на Трамп што го воодушевија Израел, но ги налутија Палестинците.

Тие вклучуваа признавање на Ерусалим за израелска престолнина, преместување на американската Амбасада од Тел Авив во Ерусалим и откажување на стотици милиони долари хуманитарна помош за Палестинците.

Тие намалувања беа толкувани како средство за притисок врз палестинското раководство да се врати на преговарачката маса, но засега тоа е неуспешно.

Прочитај повеќе

Времето денеска сончево и топло, од утре заладување и дожд

Слободен печат

Само посебни граѓани ќе добијат обичен пасош!

Мирослава Бурнс

Епидемијата на коронавирусот може да предизвика недостиг на антибиотици

Слободен печат

ШТРАЈК ВО ГРЦИЈА: Атина утрово остана без јавен превоз

Слободен печат

Се стеснува просторот за уште едно „не“ од Брисел

Слободанка Јовановска

Бројот на починати од коронавирус во Хубеи се искачи на 1.789 луѓе

Слободен печат

Остави Коментар

два × 5 =

Прочитај повеќе

Курсна листа: Колкава е вредноста на еврото денес?

Слободен печат

Никој не верува дека политиката ќе ги тргне канџите од судството

Соња Христовска Угриновска

Шахин: До крајот на месецот ќе биде потпишан Мировниот договор помеѓу талибанците и САД

Слободен печат

Најпрометниот европски аеродром „Хотроу“ се соочува со потешкотии

Слободен печат

Белгија нема да ги екстрадира европратениците Пуџдемон и Комин во Шпанија

Слободен печат

Излекуваните од коронавирус да донираат крв, повикуваат здравствените работници

Слободен печат