По поддршката во Сенатот со 52 гласа „за“ и 48 „против“: Еми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховен суд на САД

Фото: EPA-EFE/Ken Cedeno / POOL

Еми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховниот суд на САД, откако Сенатот ја потврди нејзината номинација со 52 гласа „за” и 48 „против”.

Републиканската сенаторка Сузан Колинс од Мејн е единствената која се придружи на сите демократи во Сенатот, гласајќи против номинацијата на Берет. Таа изјави дека не може да го даде својот глас за Берет, имајќи предвид колку се блиску претстојните претседателски избори. Ниту еден друг судија на Врховниот суд на САД досега, во изминатите 150 години, не е потврден, а да не освоил ниту еден глас на малцинската партија.

Берет е трет судија во деветчлениот суд, која е номинирана од американскиот претседател Доналд Трамп и значително го поместува идеолошкиот баланс кон конзервативното мнозинство од шест наспроти три.

Кандидатката на Трамп, која го пополни испразнетото место поради смртта на Рут Бејдер Гинсберг, потенцијално отвора нова ера на пресуди за абортусот, Законот за попристапна здравствена заштита, познат како „Обамакер”, па дури и изборите.

– Ова е ден од огромно значење за Америка, изјави Трамп на церемонијата на полагање заклетва, на која присуствуваа околу 200 гости.

Берет изјави дека преку „ригорозниот процес на потврда” научила дека „работата на судијата е да се спротивстави на своите политички преференции”. Таа вети дека ќе работи „без страв и непристрасно”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот