По обвинувањата за силување: Педесетина уметници му искажаа поддршка на Жерар Депардје, меѓу кои и Карла Бруни

Фото: EPA

Жерар Депардје доби поддршка, во форма на есеј, од 50 француски изведувачи, писатели и продуценти во врска со обвинувањата дека актерот извршил силување и сексуален напад и дека се однесувал недолично кон жените во текот на неговата кариера.

Есејот е објавен во конзервативниот весник „Фигаро“, а го потпишаа личности меѓу кои и поранешната прва дама и пејачка Карла Бруни, поранешната партнерка на Депардје, Карол Буске и актерите Пјер Ришар, Шарлот Рамплинг и Викторија Абрил, објави новинската агенциjа „Асошиејтед прес“.

Карла Бруни Саркози
Карла Бруни / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Во 2020 година, против Депардје беше покренато беше покренато прелиминарно обвинение за силување и сексуален напад врз основа на сведочењето на актерката Шарлот Арнолд. Неколку други жени го обвинија за вознемирување, допирање или сексуален напад, но актерот ги негираше обвинувањата.

Бранителите на правата на жртвите на сексуална злоупотреба го изразија своето незадоволство од поддршката за познатиот актер. Во неодамна објавениот документарен филм, 16 жени излегоа со обвинувања за сексуална злоупотреба против Депардје.

Жерар Депардје се огласи за обвинувањата за силување: Да повредам жена би било како да ја клоцам мајка ми во стомак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот