По доаѓањето на Елиф Елмас: Фабио Карваљо од Лајпциг се враќа во Ливерпул

Фабио Карваљо во дресот на Лајпциг/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Фабио Карваљо (21) се враќа во Ливерпул после позајмицата во редовите на Лајпциг. Крилниот напаѓач се враќа на „Енфилд“ откако првата половина од оваа сезона ја помина во Бундес лигата и запиша 15 настапи.

Португалскиот играч за врска во нападот дојде во Ливерпул во летото 2022 година и до сега има 21 настап во екипата предводена од менаџерот Јирген Клоп и постигна три голови.

– Фабио успеа брзо да се вклопи во нашиот систем, но двете страни очекуваа повеќе од неговиот престој кај нас, особено за Фабио кој очекуваше поголема минутажа – изјави спортскиот директор на Лајпциг, Рувен Шредер.

Пред да се пресели во англија во периодот од 2020 до 2022 година ги бранеше и боите на Фулам. За младата У21 репрезентација на Португалија има четири настапи и два голови.

Потсетување дека во изминатиот период во Лајпциг од Наполи пристигна македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот