Официјално: Елиф Елмас е нов фудбалер на Лајпциг, „дијамантот“ потпиша договор до 2028 година

Елиф Елмас („Лајпциг“)/фото: rbleipzig.com

Денеска германскиот фудбалски клуб Лајпциг официјално објави дека Елиф Елмас потпиша долгорочен договор до 2028 година.

Македонскиот репрезентативец за бундеслигашот ќе игра со бројот „6“ на својот дрес, ќе му се приклучи на тимот од 1 јануари 2024 година, по што ќе следат и тренинзите.

Со Наполи постигна 19 голови и запиша 11 асистенции во 189 настапи. Со италијанскит клуб успеа во сезоната 2019/20 да го освои Купот на Италија, а минатата сезона (36 настапи, шест голови, три асистенции) стигна и до титулата во Серија А.

Сезонава за „наполитанците“ имаше 11 настапи во Серија А, како и пет настапи во Лигата на шампионите.

– Да се преселам во Бундеслигата и бидам дел од Лајпциг е остварување на соништата за мене. Клубот е познат по посебниот фудбал што го играат, со голем пресинг, со темпото и силниот напад, сето тоа ми одговара. Тимот е микс од млади таленти, кои можат многу да се подобрат овде, и играчи кои искусиле и постигнале многу во нивните долги периоди во клубот. Затоа преселбата во Лајпциг е вистинскиот чекор за мене и со нетрпение очекувам да се сретнам со сите во јануари.

Лајпциг се етаблира како еден од врвните тимови во Бундеслигата и за многу краток период стана големо име во европскиот фудбал. Кога разговарав со Рувен Шредер (спортски директор на клубот) и Марко Розе (тренер на клубот), многу брзо сфатив дека сакам да играм за овој клуб – рече Елмас за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот