По десетнеделен карантин, Бајден за првпат излезе од дома

Џо Бајден

Веројатниот кандидат за претседател од Демократската партија, Џо Бајден, синоќа за првпат по десетнеделен карантин, излезе од дома и го посети меморијалниот споменик по повод празникот Ден на сеќавањето.

Бајден, заедно со својата сопруга Џил, положија венец со свежи цвеќиња на споменикот за ветераните од Втората светска и од Корејската војна во неговиот град Вилмингтон.

Иако претседателските избори се за околу пет месеци, и тој е веројатен кандидат кој ќе се спротистави на актуелниот претседател Доналд Трамп, Бајден седеше дома, не беше многу активен, и во последите недели одржа неколку онлајн настани.

Иако се придржуваше на мерките да се остане дома, Трамп пак од неодамна започна активна кампања со повеќе патувања, и во имзинатата недела беше на митинзи во некои од таканаречените колебливи (свинг) држави како Аризона, Мичиген и Пенсилванија.

Во анкетите за популарност, засега води Бајден, додека рејтингот на Трамп е намален, поради тоа како се справува неговата Администрација на опасното ширење на пандемијата во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот