ПМФЛ: Струга Трим Лум одбраната на титулата ја започнува против Гостивар

фото: F.C. Struga

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига во која Струга Трим Лум ќе влезе како шампион ќе ја започне со домашниот натпревар против Гостивар.

Играчите на Шпетим Дуро останаа единствените летово и натаму да ја претставуваат нашата земја на меѓународната сцена, за четири дена во Скопје ги очекува првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига против Есперанж од Луксембург.

Останува да се види дали Дуро ќе се одлучи да стартува со најдобрите против Гостивар или ќе ги чува силите за двомечот со Луксембург кој може да му ги отвори вратите за плеј-оф, но и за групната фаза во Конференциската лига, што би бил огромен успех за клубот формиран во 2015 година.

Стружани ги повикуваат своите навивачи да дојдат во 17.00 часот да ја дадат поддршката за првиот прволигашки во новата сезона. Влезот е бесплатен за сите љубители на фудбалот и спортот.

ПМФЛ
1. коло, двојки –

Денеска (17.00 часот)

Брегалница Штип – Силекс
Брера Струмица – Вардар
Струга Трим Лум – Гостивар
Тиквеш – Македонија ЃП
Воска Спорт – Шкендија

Понеделник (17.00 часот)

Работнички – Шкупи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот