ПМФЛ: Струга не дозволи изненадување против Тиквеш

Фото: FC Struga

Македонскиот шампион Струга Трим Лум по елиминацијата од европските квалификации славеше во домашното првенство во рамките од 6. коло.

Струга денес на свој терен го пречека Тиквеш и забележа убедлива победа од 3:1. Стружани лесно ја оправдаа фаворитската улога и немаа многу проблеми со гостите од Кавадарци.

Најголемите возбудувања ги видовме во првото полувреме кога се постигнаа сите четири гола. Во првиот половина час Струга дојде до убедливи 3:0 со головите Бесарт Ибраими во 21. и 31. минута, претходно резултатот го отвори Марјан Радески во 15. минтуа.

Шест минути по голот на Ибраими, Ибиши го постигна утешниот гол за Тиквеш. Во таа минута исклучување заработи и Вареловски, па работата на гостинскиот состав беше дополнително отежната.

Исклучување во вториот дел имаше и во домашните редови, Малиќи во 59. минута предвреме го заврши натпреварот. Ибраими можеше и до хет-трик, но не реализираше пенал во 63. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот