ПМФЛ: Струга на „плус три“ од Шкупи – Воска Спорт го совлада Вардар во битката за опстанок

фото: ФК Воска Спорт

Во рамките од 28 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) актуелниот шампион Струга Трим Лум триумфираше на гостувањето кај Македонија ЃП со 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше Ибраими во 24 минута од средбата на стадионот Ѓорче Петров.

Со истиот резултат Воска Спорт на стадионот „Борис Трајковски“, Маџари, Скопје, го совлада тимот на Вардар.

Бодовите за гостинската екипа ги донесе босанскиот интернационалец Ачимовиќ во 32 минута од натпреварот.

Во Кратово мируваа мрежите на мечот Силекс – Шкупи (0:0), додека 1:1 ремизираа екипите на Гостивар и Брера Струмица.

Гостивар водеше од 58 минута со погодокот на Нигеринецот Кехинде, а струмичкиот клуб го избегна поразот во самиот финиш преку Трајков (88`).

Тиквеш славеше против Шкендија со 1:1, Спахиу донесе позитива за домаќините веќе во третата минута. Израмнија тетовските „црвено-црни“ во 23 минута со погодокот на Тотре, а победата за екипата од Кавадарци ја обезбеди Малески во 62 минута.

ПМФЛ, 28 коло

Недела, резултати: Гостивар – Брера Струмица 1:1, Македонија ЃП – Струга 0:1, Силекс – Шкупи 0:0, Тиквеш – Шкендија 2:1, Вардар – Воска Спорт 0:1.

Табела: Струга 58 бодови, Шкупи 55, Шкендија 52, Тиквеш 39, Силекс 38, Гостивар 37, Брера Струмица 34, Работнички 34, Воска Спорт 31, Вардар 29, Брегалница Штип 26, Македонија ЃП 25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот