ПМФЛ: Брегалница со играч помалку до бод против Шкендија

фото: fkbregalnica.mk

Во натпреварот од 15 коло денеска во Првата македонска фудбалска лига Брегалница и Шкендија ремизираа 2:2.

По првото полувреме водеа тетовските „црвено-црни“ со голот на Елези во 22 минута од средбата.

Штипските „сини“ израмнија во 54 минута преку Велкоски, а во 68 минута гостите ја вратија предноста со погодокот на Аганспахиќ (68`).

Од 73 минута домаќините беа со фудбалер помалку на теренот поради двата жолти картони на Робакидзе. Но, и покрај тоа, Брегалница успеа да дојде до бод во 86 минута кој го донесе Ѓорѓиев.

Шкендија е моментно првопласирана на табелата со 29 бодови, додека Брегалница е на претпоследната 11 позиција со 15 бодови.

Прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ)
15 коло

Сабота
Брегалница – Шкендија 1:1

Недела, 13.00 часот
Работнички – Гостивар
Шкупи – Македонија ЃП
Силекс – Вардар
Струга – Воска Спорт
Тиквеш – Брера Струмица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот