Платежни картички ќе добијат уште 283.000 граѓани

Скопје, 15 јули 2020 / Фото: Слободен печат.

СДСМ и премиерот Зоран Заев со конкретни мерки и политики посветено работат на трајно извлекување од сиромаштијата, велат од партијата по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата.

Оттаму додаваат дека меѓу првите мерки на Владата предводена од СДСМ во 2017 година беше зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 12.500 и нејзино израмнување во сите сектори, вклучувајќи ги и кожарската, текстилната и чевларската индустрија.

„Денес, минималната плата изнесува 14.500 денари и е за 5.500 денари повисока во однос на 2017 година.

Преку социјалната реформа, социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и за прв пат како универзално право за сите домаќинства со ниски приходи се воведе детски и образовен додадок за еднаков старт за сите деца и за намалување на детската сиромаштија.

Нашата главна обврска е да излеземе во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата. И тоа не само преку парична помош, туку и со нивно вклучување на пазарот на труд. Само така вистински се прекинува кругот на сиромаштија од генерација во генерација
Се грижиме и за возрасните. Воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија. Ветивме и го решивме статусот на стечајните работници. 12.000 стечајни работнции добиваат по 8.000 денари месечен надоместок до нивно пензионирање” се вели во писменото соопштение.

Помошта и поддршката за ранливите категории граѓани не застана ниту за време на коронакризата. Од партијата велат дека се преземени навремени и ефикасни мерки за помош на оние на кои таа им беше најпотребна во време на криза.

309.000‬ наши сограѓани добија домашни платежни картички, преку третиот пакет економски мерки. Со четвртиот пакет, тој број ќе се зголеми за уште ‪283.000‬ граѓани. Пензионери со пензии до 15.000 денари, самохрани родители и пасивни баратели на работа, наскоро ќе добијат домашни платежни картички од по 6.000 денари. Значаен дел од борбата против сиромаштијата се социјалните услуги да бидат блиски до граѓаните. Обезбедивме различни видови услуги и функционални центри за поддршка, кои значат и подобар животен стандард за граѓаните” се вели во соопштението на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот