Плаќаат по 1.400 долари за годишен билет: Пар се преселил на Флорида за секојдневно да го посетува „Дизни ворлд“

Фото: Инстаграм/Џесика Прут

Анимираните филмови на „Дизни“ се содржина во која можат да уживаат сите – од најмладите, па сѐ до највозрасните.

Сепак, брачниот пар Џесика (41) и Вес (54) Прут се обожаватели на „Дизни“ на малку поголемо ниво. Тие се преселиле од Северна Каролина во Флорида, со цел да можат секојдневно да го посетуваат тематскиот парк „Дизни ворлд“.

Нивната прва посета на „Дизни ворлд“ се случила пред шест години. Како што вели таа, Џесика веднаш се вљубила во паркот, па оттогаш го посетувале двапати годишно, пренесува „Мирор“.

Фото: Инстаграм/Џесика Прут

Кога нивните деца заминале од дома за да студираат, двојката одлучила да се пресели на Флорида. Денес живеат во градот Дејвенпорт, кој е на само 10 километри од паркот. Поради таа причина, Џесика сега секојдневно го посетува паркот, претежно пред да отиде на работа.

„Ова е наш приоритет, тоа е она што ни носи радост. Како што се менуваат приоритетите, немаме толку многу во куќата, но јас ја сакам магијата на Дизни“, сподели Џесика.

Џесика Прут
Фото: Инстаграм/Џесика Прут

За да можат да си ги дозволат овие посети, тие ги намалиле трошоците за храна и не купуваат скапа облека. Инаку, двајцата плаќаат по 1.449 долари за годишна пропусница во „Дизни ворлд“.

„Понекогаш велам дека е како да одиме во црква, тоа е нашиот мир во овој луд свет. Ние живеевме во мал град и сакавме промена во секојдневието, па си рековме: ‘Ајде да го направиме тоа’“, додала Џесика.

„Сè уште не сме виделе сè. Имаме уште многу да направиме и видиме“, заклучила таа.

Најголемиот фан на Дизни: Го посетувал забавниот парк 3000 дена по ред

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот