Петровска: Нема да толерирам непрофесионално и своеволно однесување

За да воспоставиме ред, прво мора да го имаме во сопствените редови, вели Славјанка Петровска, заменик министерот за внатрешни работи.

Почитувани граѓани со внимание ги следев реакциите на социјалните мрежи поврзани со начинот на извршување на задачите на полициските службеници ангажирани при обезбедување на превозот на македонските граѓани до објектите кои се одредени за карантин, напиша на својот фејсбук профил Славјанка Петровска, заменик министерот за внатрешни работи.

„Ве информирам дека во МВР отпочната е постапка за утврдување на одговорност за начинот на кој полицијата постапила. За да воспоставиме ред, прво мора да го имаме во сопствените редови и затоа нема да толерирам непрофесионално и своеволно однесување“, нагласува Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот