Петровска: Градоначалникот на Желино да не мудрува, споменици ќе има на сите три локации

Фото: Слободен печат

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека споменици ќе има на сите три локации за кои е поднесена иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. На градоначалникот на Желино му порача да не мудрува и да постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за МИА коментирајќи го ставот на Општина Желино за барањето за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години.

Градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу кажа дека Петровска треба да се обрати до ЈП за државни патишта за изградба на споменикот.

Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана, каде се цитирани одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, вели Петровска.

Таа додава дека „во услови кога градбите на пола општина му се дивоградби не е баш умесно да ми дава правни совети“.

Во однос на изјавата на градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, дека Општина Бутел е подготвена да изгради споменик за осумте бранители, вели дека и е драго што го охрабрила градоначалникот на Бутел после две години од неговиот мандат да „започне да размислува за ваков споменик и го охрабрувам да постапи по иницијативата на Министерството за одбрана, наместо да прави популизам од оваа тема“.

Деновиве се воздржував од коментари на се што беше кажано во врска со иницијативите за споменици и не сакав да се впуштам во квази политички дебати заради искрената почит која ја имам кон загинатите бранители и нивните семејства. Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот