Петков: Ќе има нови министри во следната влада на „Промените продолжуваат“

Кирил Петков
Кирил Петков во Народното собрание на Бугарија / 22 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Не е време да се кажам кои ќе бидат новите министри, кога претседателот на Бугарија Румен Радев, ќе и го додели мандатот на „Промените продолжуваат”, изјави за Нова ТВ премиерот во оставка Кирил Петков.

Според Петков, јавува дописникот на МИА од Софија, нема подобар вицепремиер и министер за финансии на Бугарија од Асен Василев, кој ги фатил обидите за кражба на пари од досегашниот министер за регионален развој Гроздан Караџов, кој е од партијата на Слави Трифонов.

Петков кажа дека неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ” и ќе ја претстави својата програма за следните шест месеци и за една година. Според него, ако успеат да соберат 121 пратеник, Бугарија за првпат ќе има независна влада и задкулисните игри нема да може да влијаат на нејзините активности, како што беше случајот со партијата „Има таков народ”.

Бугарскиот претседател Румен Радев ниту еднаш не и помогнал на владата и постојано ја критикувал, коментира Петков.

-Радев немаше конструктивна улога ниту на темата Северна Македонија, дециден беше Кирил Петков.

Премиерот во оставка коментираше дека не го разбира Радев и дека за вакви важни национални прашања сите требало да седнат и да одлучат што да прават по ова важно прашање, бидејќи имало многу добар предлог од француското претседателство со ЕУ, кој ги штити интересите на Бугарија.

-Дали ГЕРБ и Бојко Борисов ќе се вратат на власт во Бугарија зависи од луѓето на улица и гласачите во неа, коментира Кирил Петков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот