Петков денеска во Брисел на средба и со претседателката на ЕП Мецола

Кирил Петков, премиер на Бугарија/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска заминува во работна посета на Брисел каде ќе учествува на состанокот на Мониторинг групата за демократија, владеење на правото и основните права на Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент, посветен на состојбите во Бугарија.

Групата ги следи случувањата во сите земји-членки на ЕУ, а ова е трета средба на која учествуваат претставници на бугарските институции. Кирил Петков ќе биде првиот премиер што одговори на поканата.

Инаку Бугарија веќе има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, а бугарската држава одбива да ги спроведе и продолжува да ги негира Македонците и не применува никакви мерки за заштита од дискриминација.

Инаку на расправата ќе учествуваат и министрите за правда Надежда Јорданова и министерот за култура Атанас Атанасов.

Во рамки на посетата на Брисел, премиерот Петков ќе се сретне и со новоизбраната претседателка на Европскиот парламент Роберта Мецола, како и со претседателите на политичките групи во ЕП.

Реферирањето на Петков во Брисел доаѓа два дена по интензивните билатерални средби со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и министрите при што двете земји потпишаа три меморандуми за соработка на полето на земјоделството, претприемаштвото и транспортната инфраструктура.

Брисел го поздрави придвижувањето во македонско-бугарскиот дијалог и добрата волја од двете страни за решавање на отворените прашања меѓу двете земји кои по бугарското вето ја закочија евроинтеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот