Песков: Западот да се откаже од санкциите заради случајот со Навални

Дмитриј Песков / Фото: Архива

Кремљ денеска изрази надеж дека САД и Европската унија ќе се вратат на здравиот разум и ќе се спротивстават на повиците за воведување нови санкции кон Москва поради нејзиниот третман кон опозицискиот политичар Алексеј Навални.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува во текот на денот да именува компании за кои сметаат дека помагаат во изградбата на рускиот гасовод „Северен тек 2″ до Германија, што може да доведе до нови санкции поврзани со речиси завршениот проект.

– Се уште се надеваме дека ќе надвладее разумниот пристап кон ситуацијата кај нашите соговорници и дека нема да одиме понатаму по патот на санкциите, кои веќе неколку пати се покажаа како неефикасни, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Европскиот суд за човекови права во средата соопшти дека Москва треба веднаш да го ослободи Навални, чие апсење и затворање предизвика улични протести во градовите низ Русија.

Кремљ оцени дека ваквиот повик е неприфатливо мешање во внатрешните работи на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот