Песков негира дека Русија стои зад инцидентот на „Северен поток“

Дмитри Песков/ Фото EPA/SERGEI KARPUKHIN /

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се „глупави“ тврдењата дека Русија стои зад евентуалните напади врз гасоводите „Северен поток 1“ и „Северен поток 2“.

Тој додаде дека Москва забележува нагло зголемување на профитот на американските компании, кои ја снабдуваат Европа со гас.

Песков наведе дека е потребно да се истражи инцидентот и оти не се знае кога ќе бидат поправени оштетените гасоводи.

– Тоа е голем проблем за нас бидејќи, како прво, двете линии на Северен поток 2 се наполнети со гас, целиот систем е подготвен да испумпува гас, а гасот е многу скап… Сега гасот оди во воздухот, истакна Песков.

Норд стрим АГ, операторот на мрежата, вчера објави дека три од четирите крајбрежни линии на гасоводниот систем Северен поток претрпеа „невидена” штета за еден ден.

Северен поток 1 извести за значителен пад на притисокот предизвикан од истекување на гас од двата цевководи, додека пред два дена „Северен поток 2“ пријави ненадеен пад на притисокот во линијата А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот