Пентагон потпиша милионски договор со Глаксо за вакцини против Ковид-19

Пентагон/ Фото: МИА

Пентагон соопшти дека потпишал договор од 342 милиони американски долари со британскиот фармацевтски гигант „Глаксо Смит Клајн” (ГСК) – GlaxoSmithKline (GSK) за снабдување „масовни количини вакцини против Ковид-19 за американската војска”.

Во соопштението се наведува дека ГСК е единствената компанија што доставила понуда според договорот, што би се состоело од доставување на вакцината до „персоналот во воени објекти во САД и пошироко”.

Работата ќе биде извршена во Северна Каролина „со проценет датум на завршување на 28 февруари 2021 година”, се вели во соопштението на Пентагон.

Американската армија ќе го контролира спроведувањето на проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот