Пенс престојувал во хотелот на Трамп за време на официјална посета – Го обвинуваат за КОРУПЦИЈА, а еве како тој се правда (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американскиот потпретседател, Мајкл Пенс кој е во посета на Ирска, одлучил да престојува во голф клубот кој припаѓа на претседателот на САД, Доналд Трамп, така што во Вашингтон изби полемика за употребата на државните пари.

Голф клубот и хотел на Трамп, се наоѓа во Дунбег, на западниот брег на Ирска, 300 километри од Даблин, каде Пенс одржува и официјални состаноци.

Шефот на кабинет на Пенс, Марк Шорт реагирајќи на критиките на демократите, рекол дека Пенс одлучил таму да престојува на „сугестија“ на американскиот претседател, а не по „наредба“.

Сите трошоци за официјалните патувања на претседателот и подпретседателот на САД ги плаќа државата.

Меѓутоа, Шорт рекол дека Пенс сам ќе ги плати трошоците за патувањето и престојот на неговото семејство кое патува со него.

Шорт додал дека фамилијата на Пенс потекнува од Дунбег и дека одлуката за престој во голф клубот на Трамп е донесена од практични причини.

Демократите ја критикувале одлуката на Пенс, оценувајќи дека давање на државни пари на Трамп, за престој во неговиот хотел, претставува корупција.

Погледнете го хотелот на Трамп:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот