Пенов вели дека Владата може насила да ги растури блокадите и „протестот со политички облик“ во Скопје

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Владата има инструмент за отстранување на блокадите на Скопје од страна приватните превозници. Засега ситуацијата се следи и анализира, и се уште не се исрпени сите можности за решение, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

Протестот, според него, зема се поголем замав и по она како се одвива, не е насочен кон градоначалничката на Скопје и ЈСП или кон целта што ја посочуваат, а тоа е долгот кон нив, туку добива облик на политички протест.

– ЈСП не е загрозен со овој протест, а градоначалничката не е блокирана, туку се блокирани граѓаните. Се прави многу поголема штета отколку што е долгот кон приватните превозници. Во Скопје власт е ВМРО-ДПМНЕ и тие раководат со советот, кој може да се состане и да и наложи решение на градоначалничката. Наместо тоа се оди на полтички памфлети и препукувања на штета на граѓаните, рече Пенов.

Пенов вели дека Владата „има инструмент да се реши проблемот“ и тоа е насилно да се тргнат автобусите од улиците, но додава, се уште не се исрпени сите можности за решение.

– Се анализира состојбата. Да се исцрпат сите можности за разрешување на проблемот па Владата да презема мерки, затоа што веќе не е само облигациониот однос и долгот од 1 милион кон приватните превозници. Веќе имаме раскинување на нивниот договор. Тие и да го добијат долгот се исклучени од натамошна работа и не верувам дека со исплата на долгот ќе престане протестот, рече Пенов.

Јавниот превоз во главниот град, според него, не смеел да престане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот