Пенелопе Круз го освои Париз во малиот црн фустан на „Шанел“! (ФОТО)

Profimedia

Пенелопе Круз се појави на ревијата на „Шанел“, Metiers d’art во Париз, каде што се претставени новитетите за 2020 година.

Profimedia

Таа облече мал црн фустан и привлече огромно внимание со својот гламурозен изглед. Станува збор за мини, деколтиран фустан на Виржина Вијар, креативната директорка на „Шанел“ и некогашната десна рака на Карл Лагерфелд.

Profimedia

Комбинацијата е од тул и свила, со здолниште во балерина-крој, кое е погодно за визуелно истенчување на струкот, на што придонесе дискретниот сребрен ремен. На нозете носеше сандали во црна боја. Малата црна чанта само го надополни овој едноставен, но многу гламурозен изглед.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот