Пендаровски – Заев: Суштинска соработка за реализирање на стратешките цели- членство во ЕУ и НАТО

Конкретна и суштинска соработка за севкупен напредок на државата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО, договорија на денешната прва средба премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

Како што информира Кабинетот на претседателот, Заев и Пендаровски ја нагласиле потребата од усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во земјава со цел остварување на европските и евроатлантските перспективи и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

-Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу Претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската унија и во НАТО, стои во соопштението.

На средбата, премиерот Заев му честита на Пендаровски за стапувањето на функцијата. Ова е нивна прва средба откако Пендаровски ја презема функцијата претседател. Заев не присуствуваше на инаугурацијата, туку испрати видео порака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот