Пендаровски за обвинувањата од Николоски: Тој е на јаслите на државата и партијата, никогаш ништо нема сработено

Пендаровски му одговори на Николоски/Фото колаж/Слободен печат

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Неготино одговори на прозивката од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за идните планови.

-На почетокот на на мандатот, претходната кампања и пред вас и пред цела држава сум го кажал тоа дека по завршување на мојот мандат нема да ги користам привилегиите кои следуваат по закон. Меѓутоа, интересно е што тој човек го покренува тоа прашање. Тој човек, не знам кој знае, кој не знае, од своите рани дваесетти години или партијата или државата го финансира, буквално така. Значи тој е на јаслите на државата и на партијата од време кога бил во Унија на млади сили. Никогаш самиот нема ништо сработено и заработено во животот. Јас имам професија пред да станам претседател, кога ќе ми заврши мандатот ќе се вратам на таа професија. Но, таа одлука ќе ја донесам во 2029 година, порача Пендаровски од Неготино.

Пендаровски ги повика присутните на 24 април да го заокружат бројот еден на гласачкото ливче.

Николоски: Пендаровски не одговори дали ќе ги користи бенефициите за поранешен претседател

Претходно на митинг во Босилово, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го прозва Пендаровски дека не одговарил дали ќе ги користи бенефициите за поранешен претседател по изборите на 24 април.

„Го прашавме, а не одговори каде ја донира сопствената плата нели се фалеше ќе ја донира, до денес не одговори дали после 12 мај кога официјално му завршува мандатот дали ќе користи претседателски бенефиции, а тие се претседателска пензија доживотно во висина на претседателска плата, кабинет, простории, возач, обезбедување платени од државата’, кажа Николоски.

Тој продолжи со обвинувањата пред граѓаните на Босилово нагласувајќи дека Пендаровски планирал да ги користи бенефициите.

-На тој човек мора да му кажеме НЕ на 24 април и 8 мај. А можеби да му помогнеме и да се исели од државава. Тој треба да каже и зошто ни една крими афера обелоденета од ВМРО-ДПМНЕ не ја осуди, зошто прифаќа неговата кампања да биде финансирани со крадени ваши пари. Нема да одговори но мора да му ги поставуваме за да се види разликата меѓу него и Гордана Силјановска Давкова”, вели Николоски кој е носител на изборна листа во изборна единица 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот