Пендаровски во Карпош: Да излеземе масовно на гласање за да ги отвориме вратите на Европската Унија

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на трибина со граѓаните на Карпош, повика на масовна излезност на престојните избори за да продолжи напредокот на земјата и широко да се отворат вратите на Европската Унија.

„Тргна работите, се решија најтешките прашања, сега патот е чист, да продолжиме напред. На 21 април и на 5 мај, на избори, да го забрзаме напредокот, да дадеме дополнителен легитимитет на политиките кои водат напред кон ЕУ и НАТО. Со нашата масовност да не дозволиме политичките противниците да се коцкаат со иднината на државата, со иднината на младите. Тие немаат став за битни работи, но имаат став дека се за поништување на сè што е направено. Така не можеме да одиме во НАТО, не можеме да одиме ЕУ”, рече Пендаровски.

Тој одговори и на изјавата на неговата противкандидатка.

„Госпоѓата изгледа во последните години не била во Македонија. Не знае за изборните измами во предметот „Титаник” на СЈО, и како победата ни беше украдена”, рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот