Пендаровски: Разочаран сум од Јанева, обвинителите побрзо да ја водат истрaгата за „Рекет“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Изминатиов месец сме сведоци на огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува во прашање довербата на граѓаните, а институциите наместо да работат интензивно за да ги расчистат случувањата отидоа на годишен одмор, рече претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

– Разочаран сум од тоа што го слушам на снимките, разочаран сум и од Катица Јанева, повикав на брза реакција на институциите, а наместо тоа надлежните отидоа на годишен одмор како да не е вонредна состојба. Разочарани се сите граѓани, а особено оние кои протестираа и бараа правда. Револтот е опрвдан и јас како граѓананин сум разочаран што се извенерија и моите очекувања од луѓето кои требаше да ја вратат правната држава – рече Пендаровски.

Тој уште еднаш побара од надлежните судско-обивнителни институции ефективно, брзо и темелно да ја завршат  истрагата.

-Влогот е многу крупен, мора побрзо да се расчисти оваа афера. Во однос на ЕУ не смееме да оставиме ни најмал сомнеж дека не сме способни да расчистиме ваков случај – рече Пендаровски.

Тој побара доколку има докази да се поднесат обвиненија против сите, без разлика дали се носители на државни функции.

– Ако има докази, да се поднесат обвиненија за сите инволвирани без разлика дали се носители на јавни функции или не. Освен кривично-правната одговорност, доколку има друга, било каква поврзаност со случајот, во смисла на давање на заштита на лицата под истрага, инсистирам и на политичка одговорност на политичарите, независно дали се од власта или од опозицијата. Во овој контекст е најдобро, сите оние чии имиња се споменати, независно дали со основ или намерно, само со цел да бидат дискредитирани, самоиницијативно да дадат изјави пред надлежниот обвинител со цел да покажат дека пред законот и пред јавноста сме сите исти. Јавноста има право да ги знае нашите ставови, дури и ако се работи за најневеројатни конструкции или шпекулации произведени со нечесни намери, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски на прес конфернеција – рече Пендаровски.

Тој објасни и дека засега не планира да свика седница на Советот за национална безбедност.

Во одговор на новинарско прашање рече дека со Боки 13 се сретнал двапати, во 2015 година во „Кампот на слободата“ и во 1 ТВ каде гостувал на интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот