Пендаровски: Ратификацијата на Протоколот за НАТО во Собранието е техничко прашање

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не би сакал предвреме да зборува дали Собранието би се состанало повторно по распуштањето доколку Шпанија го ратификува Протоколот за членство во НАТО. Станува збор за техника, вели тој, и не е политичко прашање или проблем.

– Можеме, предлагам да не навлегуваме во понатамошни правни експликации кој е поголем правник и кој е поголем правен познавач. Предлагам ако дојде до таа ситуација, мое предвидување е дека нема да се случи таа ситуација, меѓутоа дај Боже да се случи па да разговараме за една убава работа – дали ќе се собираме повторно за да ратификуваме, но и да не се собираме, важно е дека во тој момент 29 земји членки на НАТО Алијансата веќе ќе имаат кажано „да”. Тоа ќе биде само техника дали ќе се случи овој ден или следната недела, што не мислам дека тоа е големо политичко прашање, а уште помалку политички проблем, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот и Врховен командант Пендаровски денеска присуствуваше на промоција на нови питомци и потпоручници на воената академија „Генерал Михаил Апостолски”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот