Пендаровски: Помилувањето кое го даде Иванов беше акт на неправда

Евентуалната одлука на Уставниот суд со која практично би се активирало помилувањето што кое го даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов на осомничени за сериозен криминал што беше предмет на истраги на СЈО, би бил директен удар на демократијата и правната држава, оцени денеска актуелниот претседател Стево Пендаровски.

– Јас би сакал да апелирам уште во оваа фаза до оние пет судии од Уставен суд кои гласаа за покренување на таа иницијатива, да се разбудат на време и да сфатат дека во оваа земја повеќе Никола Груевски не е господар на нашите животи. Дојдена е демократија во која секој може да каже што сака, но таа демократија подразбира да се почитува правото. Факт број еден. Помилувањето кое го даде Иванов беше акт на неправда, не беше ниту правно засновано, а не беше ниту демократско. Сега вие да расправате за еден акт што ја пробуди досега единствената демократска револуција во нашата земја, во 30 години независност е невиден чин, изјави Пендаровски одоговрорајќи на новинарско прашање по денешната конференција што ја организира „Цивил”.

Според него, правно неоснована е иницијативата за оценување на уставнста на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година.

– Навистина сакам да апелирам до тие луѓе да се свестат, да сфатат што почнале да прават, да се повлечат на време, затоа што правната држава која во меѓувреме со многу маки ја обновуваме во Република Северна Македонија сигурно ќе најде механизми, правни механизми – таа одлука и ако ја донесат, да не биде практично имплементирана, бидејќи тоа ќе биде погубно не само за нашите евроатлански интеграции, туку ќе биде и директен удар на правната држава, директно ќе ги погоди човековите слободи и права и тоа секој разумен и одговорен  политичар и институција во оваа земја нема да го дозволи-рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот