Пендаровски: Одлуката за затворање на амбасадите ја нови Владата

Oтворањето или затворањето на ДКП-та согласно законот е во надлежност на Владата и таа одлучува за тоа, изјави претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во вила „Водно” со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Тој појасни дека анализата што по стапување на функцијата ја побарал и добил од МНР била со цел да слушне од нив дали има ДКП-а кои не би требало да постојат за да се засили нашата активност во региони и држави кои ни се побитни во овој момент.

-Предлогот јас го добив само за информирање и додека не помине во владина процедура и додека Владата не донесе формална одлука дека таа амбасада или конзулат ќе се затвора, ние можеме да нагаѓаме каква ќе биде владината одлука. Јас можам да кажам што мислам и од оваа позиција, особено од аспект на сите депеши и материјали што ги добивам од нашите ДКП-а, како работат, но тоа ќе биде само вкалкулирано во евентуалната одлука која сепак треба формално да ја донесе Владата, вели претседателот Пендаровски запрашан дали ќе има затворање на постоечки и отворање на нови амбасади.

Според него, во документот со анализата што го добил од МНР постојат сериозни аргументи за неколку наши ДКП во светот зошто би требало да го намалат дипломатскиот персонал или немаат базични претпоставки да функционираат како амбасади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот