Пендаровски на средба со австралиската амбасадорка

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими Рут Карис Стјуарт, амбасадор на Австралија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, информираат од Влада.

На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, како и информации за актуелните случувања во двете земји.

Претседателот Пендаровски го потенцираше интересот на Република Северна Македонија за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена.

Претседателот Пендаровски го истакна значењето на македонската заедница во Австралија за унапредувањето на односите меѓу двете држави, стои во соопштението на Владата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот