Пендаровски- Курти: Oд големо значење е соработката меѓу земјите на билатерална и регионална основа, како и поддршката која ја пружа ЕУ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со Албин Курти, вршител на должноста премиер на Владата на Република Косово.

Во разговорот, кој беше на барање на косовската страна, двајцата соговорници разменија мислења и информации поврзани со билатералните односи меѓу двете соседни земји, како и со актуелните политички состојби во регионот на Западен Балкан.

Соговорниците исто така разговараа и за пандемијата на КОВИД-19, мерките кои се преземаат во двете земји за заштитата од корона-вирусот и справувањето со последиците од пандемијата.

Во таа насока беше заклучено дека од големо значење е соработката меѓу земјите на билатерална и регионална основа, како и поддршката која Европската Унија ја пружа на регионот со цел закрепнување од кризата, не само на здравствен, туку и на економски план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот