Пендаровски – Аселборн: Луксембург е ценет партнер за Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Фото: МИА

Потребно е зајакнување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете држави

Билатерални односи меѓу Македонија и Луксембург се пријателски, а двете земји се стремат кон натамошно зајакнување на соработката… Луксембург е ценет партнер во контекст на европската и евроатлантската интеграција на земјава истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со министерот за надворешни и европски работи, Жан Аселборн кој денеска е во официјална посета на земјава.

Во соопштението од претседателскиот кабинет се додава дека Северна Македонија високо ја цени силната поддршка од Луксембург во однос на прашањето за отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската Унија, како и за ратификацијата на пристапниот протокол за членство на државата во НАТО во јули минатата година.

Во контекст на натамошното продлабочување на билатералната соработка, на средбата беше посочена потребата за зајакнување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете држави.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи ги предизвиците поврзани со нелегалната миграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот