Битиќи: Јас прифаќам различности за разлика од Давкова која мене ме чита како Среќко

Фатмир Битиќи - СДСМ/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Го осудуваме однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во нивното препукување, затоа што сме го гледале тоа сценарио. Тоа е сценарио во кои едните го билдаат рејтингот на другиот, а во суштина никој не нуди ништо на граѓаните, рече вицепремиерот и коносител на листата во ИЕ2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи во дебатата на „Само вистина“ со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

Тој во дебатата рече дека нема да прекине да зборува за ксенофобијата и албанофобијата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нивната реторика не носи добро за граѓаните.

-Ги споменувате албанчињата. Ова е едно момче од Ченто, од Студеничани кое заврши претепан од група на ваши симпатизери. Брутално претепан од 15 деца, тој и негово другарче – рече Битиќи покажувајќи фотографии од претепаните момчиња.

Тој додаде дека дека треба да се внимава со терминот „повторно твоја“, бидејќи ова е наша Македонија, на сите.

-Убаво ќе беше вашиот слоган да биде Македонија повторно наша, а не Македонија повторно твоја – рече Битиќи.

Тој додаде дека СДСМ ја прими пораката на граѓаните и дека доблесно е по примањето на таа порака да се промени, бидејќи ако не се промени нешто е проблематично.

-Ние ја добивме пораката дека не може да зборувате за ЕУ без европско однесување, вклучувајќи на наши и на функционери кои доаѓаат од други политички партии, а се дел од коалицијата. Затоа рековме дека веројатно една од цените која што ја плаќаме е токму таквото однесување – рече Битиќи.

Тој потенцира дека прифаќа различности, за разлика од Сиљановска-Давкова која не сака ни да види албански превод на документ.

-Прво и единствено ако има еден политичар кој покажал прифаќање на различностите, тоа сум јас. За разлика од вашата партија и вашата кандидатка за претседател која што мене ме чита како Среќко ако памтите во Собрание, затоа што нејзе и смета дури да прочита документ, да види документ на албански – рече Битиќи.

Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ има ксенофобија на многу високо ниво, што кај него го нема.

-Низ мојот живот, а фала Богу, јас освен во политиката одлично сум работел и во другите сектори и сум живеел во оваа држава, сум покажал дека за мене доблест е прифаќањето на различностите – рече Битиќи.

Тој додаде дека многу работи ќе се сменат во вториот круг на претседателските избори и дека парламентарните избори допрва треба да се одржат, а сите партии и кандидати влегуваат со резултат 0:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот