Пекинг го добива најголемиот аеродром во светот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Кон крајот на овој месец Пекинг ќе го добие најголемиот аеродром во светот, станува збор за ново транспортно седште „Пекинг Даксинг, чија изградба трае речиси пет години, а изнесувала 11,3 милијарди долари, јавуваат тамошните медиуми.

Целиот аеродром зафаќа површина од околу 47 квадратни километри, со четири писти и 268 места за паркирање на авиони.

Новиот аеродром, кој се наоѓа на 46 километри јужно од плоштадот Тјенанмен во Пекинг, се очекува да прима до 45 милиони патници годишно до 2021 година, а 72 милиона до 2025 година.

Сепак, постојат уште поамбициозни планови за негово проширување, бидејќи се очекува капацитетот да се зголеми на 100 милиони патници до 2040 година.

Иако станува збор за најголемиот аеродром во светот, истиот е дизајниран на таков начин што ниту еден патник нема да мора да оди повеќе од осум минути за да стигне до некој терминал.

Аеродромот е дизајниран од британско-ирачкиот архитект Заха Хадид.

Според Си-ен-ен, безбедносните контролни пунктови ќе бидат поблиску до вратите, ќе има и роботи што ќе се движат низ терминалите и ќе им помагаат на патниците, односно ќе им ги презентираат најновите информации за термините на летовите и временските услови.

Аеродромот исто така ќе има и брза железница со експресни возови со цел патниците од аеродромот до центарот на градот да стигнат за помалку од 20 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот