Павел смета дека Украина треба да влезе во НАТО веднаш штом ќе заврши војната

Петр Павел / Фото ETR TOPIČ / MFDNES + LN / Profimedia

Новоизбраниот претседател на Чешка Петр Павел денеска изјави дека на Украина треба да и се дозволи влез во НАТО „штом војната ќе заврши“.

Павел, пензиониран генерал на НАТО, за Би-Би-Си изјави дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да се приклучи на Алијансата кога ќе заврши конфликтот.

Во своето прво интервју за странски медиуми како претседател, Павел цврсто ја бранеше западната воена поддршка за Киев, велејќи дека не треба да има „речиси никакви ограничувања“ за пратките.

Тој додаде дека испраќањето западни борбени авиони Ф-16 за него „не е табу“, но дека не е сигурен дека тие би можеле да бидат испорачани во време кое би му одговарало на Киев.

Американскиот претседател Џо Бајден ја отфрли можноста за испраќање Ф-16 оваа недела, иако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ништо не е исклучено.

-Горд сум што мојата земја беше една од првите што обезбеди значителна воена помош за Украина, изјави Павел за Би-Би-Си.

Тој го поздрави испраќањето западни тенкови во Украина, но додаде дека верува оти „тоа се уште не е доволно“ да се спротивстави на Русија. с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот