Партизан ги држи сите рекорди за најпосетени натпревари во историјата на Евролигата

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Денеска и официјално ќе започне новата натпреварувачка сезона во кошаркарската Евролига, натпреварување кое со причина е најгледано со телевизиски пренос во 201 земја ширум светот, после НБА.

Само во Народна Република Кина, Евролигата ја следат 240 милиони домаќинства, пренесува „Five Reasons Sport Network“. Во сезоната 2017/2018 просечната посетеност на ова натпреарување достигна 8.780 луѓе, а денес бројките се над 20.000.

Бројките се зголемија поради спектакуларните игри на клубовите, односно 18 професионални екипи. Кога сме кај посетеноста, рекордот го одржува српскиот кошаркарски клуб Партизан од Белград.

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Од 10-те најпосетени натпревари во Евролигата, сите се натпревари на Партизан.

Рекордно најпосетен натпревар беше оној во сезоната 2008/2009 помеѓу Партизан и Панатинаикос со вкупно 22,567 гледачи. Интересно, сегашниот тренер на Партизан Жељко Обрадовиќ тогаш ја водеше грчката екипа.

Најпосетени натпревари во историјата на кошаркарската Евролига:

Сезона 2008/2009 Партизан – Панатинаикос 22,567 гледачи
Сезона 2023/2014 Партизан – Реал Мадрид 21,374
Сезона 2009/2010 Партизан – Макаби 21,367
Сезона 2008/2009 Партизан – ЦСКА 21,352
Сезона 2009/2010 Партизан – Макаби 20,783

Сезона 2022/2023 Партизан – Реал Мадрид 20,068
Сезона 2022/2023 Партизан – Барселона 20,041
Сезона 2022/2023 Партизан – Олимпијакос 20,003
Сезона 2022/2023 Партизан – Фенербахче 19,661
Сезона 2022/2023 Партизан – Макаби 19,011

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот