Партијата на Рама освои 49 отсто од гласовите според половина од пребројаните ливчиња

Еди Рама / Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама освои 49 отсто од гласовите на парламентарните избори, покажуваат денеска објавените прелиминарни резултатите на основа на половина од преброените гласачки ливчиња.

Главната опозициска партија, Демократската партија на Љуљзим Баша освои 39 отсто од гласовите.

Останува непознато дали партијата на Рама ќе има 71 пратеник, односно апсолутно мнозинство во парламентот со 140 места.

Според прелиминарните резултати на вчерашните избори гласале 48 отсто од гласачите, повеќе во однос на изборите пред четири години.

Околу 3,6 милиони гласачи со право на глас во Албанија и странство гласаа за избор на 140 пратеници.

Гласањето помина релативно мирно, иако со одредени проблеми со логистика и наводи за фотографирање на гласачките ливчиња.

Илирјан Целибаш, директорот на Централната изборна комисија, ги оцени изборите како успешни и најави дека конечниот победник на изборите ќе биде познат утре вечер.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот