33.8 C
Скопје

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 357 возила

Паркингот на Водно во текот на изминатиов викенд го искористиле 357 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопшти Град Скопје.

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг” воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Поврзани вести

Шахпаска му помогна на полицаец кој колабира при откривање на спомен обележје во Берово

Слободен печат

Бајден го олеснува добивањето на привремени работни визи: Што значи ова за Македонците?

Слободен Печат

Денеска се регистрирани 5 нови случаи на ковид 19, пријавено е едно починато лице

Слободен печат

Каталонските сепаратистички политичари се ослободени од затвор

Слободен печат

Заев: Ќе одам во Софија повторно и повторно и повторно…

Андреја Ристески

Левица поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд, Сали Мурати

Слободен печат

Остави Коментар