Папата Франциск се сретна со либанските свештеници, се надева дека кризата во Либан ќе заврши
Папата Франциск денеска беше домаќин на либанските христијански лидери во Ватикан со кои се помолил за побрзо опоравување на хаосот во кој Либан се повеќе навлегува, угрозувајќи ги животите на христијаните во државата.
Поглаварот на Римскокатоличката црква сабајлево ги прими десете свештеници во хотелот во Ватикан, каде живее и Базиликата Свети Петар, кој присуствуваше на средбата.
Православните и католичките свештеници денеска ќе разговараат зад затворени врати, во главно за политичката, финансиската и друштвената криза во Либан, која Светската банка ја прогласи за најлошата криза во светот во последниве 150 години.
Либан инаку е медитеранска земја со пет милиони жители и има најголем процент на христијани на Блискиот исток и е единствената арапска земја на чие чело е христијанин.
Земјата се соочува со голем економски и финансиски колапс и моментално е без владеачка сила, бидејќи се наоѓа во време на политички застој каде има неможност за формирање на нова влада.
Тие сеуште се опоравуваат од бејрутските експлозии на пристаништето во главниот град кои се случија минатото лето.
Министерот за надворешни работи на Ватикан, Пол Галагер изјави дека постои голема загриженост поради колапсот на земјата.
Папата Франциск ја изрази својата надеж за подобрување на состојбата во Либан откако ќе се создаде нова влада.
Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан во знак на одмазда