Папата Франциск ги отворил вратите од раскошната палата за да ги вдоми бездомниците (ВИДЕО)

Profimedia
Фото: Profimedia

Палатата, која го носи неофицијалниот прекар „Палата на сиромашните“, моментално е дом за околу 50 бездомници, кои престојуваат во 16 соби, додека волонтери им спремаат топли оброци.

„Палацо Милјиори“ е прекрасна палата од 19 век која е во сопствеништво на римокатоличката црква. Се наоѓа на плоштадот Св. Петар во Ватикан, а пред една година беше напуштена од калуѓерките од црковниот ред „Каласанцијан“, кои таму престојуваа околу 70 години. Палатата потоа беше реновирана, па се постави прашањето што ќе направи црквата со оваа популарна туристичка атракција.

Заради својата близина на клучни точки во Ватикан, имало предлог палатата да се претвори во хотел, кој без сомнение би заработувал добро, бидејќи на огромниот број на секојдневни посетители на Рим и Ватикан секогаш им е потребно квалитетно сместување.

Сепак, папата Франциск одлучил дека „Палацо Милјиори“ ќе стане дом за бездомниците, пренесува Ен-Би-Си њуз. Тој ја благослови палатата на 31 јануари, при Светскиот ден на сиромашните.

Палатата, која го носи неофицијалниот прекар „Палата на сиромашните“, моментално е дом за околу 50 бездомници, кои престојуваат во 16 соби, додека волонтери им спремаат топли оброци.

– Ова место за мене е дом. Имам свој кревет, своја соба и тоалет. Потполно се разликува од другите места кои ги посетував досега. Тие места личеа како да чуваат стока, вели Марио Бреца (53), нов станар на палатата. Покрај тоа што тој живеел на улица, ампутирана му е едната нога заради сериозна болест, а живее од државата, која му исплаќа 270 евра месечно заради инвалидитетот.

Карло Санторо, припадник на католичкото добротворно друштво „Заедница на Св. Егидиј“, кое било вклучено во овој проект, смета дека „Палацо Милјиори“ е вистински спој на крајности.

– Станува збор за раскошна градба, што се наоѓа покрај плоштадот на Св. Петар, каде престојуваат лица кои неодамна немале ниту покрив над главата, истакнува Санторо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот